02 / 323 8888

Најчесто поставувани прашања

Категории

ОПШТО ЗА KREDDY

Производот Kreddy

KREDDY е називот на нашиот производ во сопственост на ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал ДООЕЛ Скопје.

Што е Kreddy?

Kreddy е кредит кој Ви овозможува позајмување на парични средства за временски период од 3 месеци. Kreddy ќе Ви ги обезбеди потребните парични средства за покривање на Вашите финансиски потреби.

Зошто да изберам Kreddy?

Речиси секогаш постојат непредвидени трошоци, ситуации кога платата е предвреме потрошена или остануваат недоволно средства до следната, тогаш вистинското решение за Вас е Kreddy. Се штo е потребно е да не контактирате или да пополните онлајн апликацијата, без притоа да ја напуштите удобноста на Вашиот дом, канцеларија или каде и да се наоѓате во моментот на аплицирање.

Како функционира Kreddy?

  • Пополнете онлајн апликација или контактирајте го тимот на Kreddy
  • Потврда на одлуката за одобрување и исплата на кредит
  • Потпишување на договорот за кредит онлајн
  • Исплата на средствата на Вашата трансакциска сметка
  • Отплата на кредит

Зошто Kreddy?

Предности кои Ви ги овозможува Kreddy кредитот:

  • аплицирање онлајн или телефонски
  • аплицирање само со лична карта / пасош
  • повратна телефонска информација веднаш после поднесувањето на апликацијата
  • исплата на кредитот на Вашата трансакциска сметка во најкраток период

Може ли да користам повеќе Kreddy кредити истовремено?

Mоже да користите само еден KREDDY кредит, но веќе наредниот ден после исплатата на истиот, може да аплицирате за нов кредит и зависно од тековната кампања, со тоа што добивате одредени поволности како наш редовен клиент кој навремено ги подмирува своите обврски.

Дали може да аплицирам за Kreddy кредит, доколку веќе сум задолжен и во друга финансиска институција?

Секое лице има право да аплицира независно од останатите финансиски задолжувања. Доколку навремено ги подмирувате Вашите обврски за отплата на кредит, кредитни картички, како и останати производи добиени од друга финансиска институција, а со тоа и не сте евидентирани со лоша класификација во Македонското Кредитно Биро, нема да претставува проблем кредитот кој го побарувате од ДФИ да Ви биде одобрен и исплатен.

Kога можам да аплицирате за следен кредит Kreddy?

По затворањето на Вашиот тековен кредит, потребно е ажурирање на Вашиот профил. Откако ажурирањето ќе биде завршено, веднаш можете да пристапите кон пополнување на нова апликација за кредит.

Дали издавате потврда за рефинансирање и потврда за затворен кредит?

Секако, доколку Ви е потребна било која од овие две потврди, уплатете го износот од 490,00 МКД на сметка на НЛБ Банка 210-071664000102 (оваа сметка е само за уплати за потврди) со цел на дознака матичниот број на корисникот на кредитот. Уплатницата испратете ја на Viber/Whatsup/Facebook messenger на телефонскиот број 071/430-586 или на info@digitalfinance.mk  со цел да ја потврдиме уплатата и да Ви издадеме потврда најдоцна за 1 работен ден по примен доказ за направената уплата. Ви благодариме!

Кои се трошоците за Kreddy кредит?

Трошокот за Kreddy кредит е еднократна провизија за одобрување на кредитот која се наплатува при самата исплата на кредитот и провизија за администрирање на кредитот која се наплатува со секоја месечна рата.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Кои се условите за аплицирање за кредит?

• Да имате минимум 18 години, максимум 75 години • Да сте државјанин на Република Македонија • Да поседувате своја трансакциска сметка • Да имате своја електронска адреса (e-mail) • Да поседувате свој мобилен телефонски број • Да имате редовни месечни примања по основ на плата / пензија. • Да сте кредитноспособни    

Кои документи се потребни за аплицирање за кредит?

За да аплицирате за Kreddy кредит, потребно е да приложите валидна лична карта или пасош како документ за идентификација, број на здравствена картичка и единствен даночен број (само за самовработени). • Лична карта или пасош: скенирана или фотографирана од двете страни (задолжителен документ за сите апликанти) • Број на здравствена картичка (задолжително за пензионери) • Даночен број (задолжително за самовработени) • Потврда за Вашите приходи Потребните документи можете да ги прикачите на Вашиот кориснички профил на нашата веб страна kreddy.mk или да ги испратите на нашата електронска адреса: info@digitalfinance.mk Доколку во одредени ситуации постои потреба од приложување на дополнителна документација, навремено ќе бидете информирани.

ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ

Што се случува откако ќе изберам „Аплицирај сега“?

По кликнувањето на копчето „Аплицирај сега“ се појавува прозорец каде што треба да ги следите чекорите и со избор на условите и внесот на Вашите лични податоци и информации, сте еден чекор пред комплетирање на Вашата апликација. Затоа Ве молиме во моментот на аплицирање нека ви бидат достапни следните податоци: Вашиот мобилен телефон, бројот на трансакциската сметка, личната карта или пасош и здраствената картичка. Внимателно проверете ја точноста на податоците при пополнување на апликацијата за KREDDY кредит. За дополнителни информации можете слободно да не контактирате на телефонскиoт број 02/323-8888 секој работен ден од Понеделник до Петок од 09:00 до 17:00 часот. По комплетирањето на апликацијата и нејзина обработка, ќе добиете одговор во најкус можен период.

Колку време е потребно до исплата на кредит?

Одговорот на ова прашање најмногу зависи од времето што Ви е потребно за да ја комплетирате Вашата апликација. Во просек обработката на Вашата апликација како и исплата на кредитот од страна на ДФИ се врши во најкраток рок.

Како ќе бидам информиран/а за одлуката за одобрување на кредит ?

За одлуката за одобрување и исплата на кредит ќе бидете известени преку СМС порака и на Вашата електронска адреса (email). Оваа информација ќе биде пренесена во форма на порака и на Вашиот кориснички профил на нашата веб страна.

Дали податоците од ДФИ се евидентираат во Македонско Кредитно биро (МКБ)?

Да, ДФИ како финансиско друштво редовно разменува и евидентира информации во врска со апликациите за KREDDY кредит со Македонско Кредитно Биро (МКБ)

Дали ДФИ извршува кредитни проверки?

Да, ДФИ како одговорна компанија врши проверки во Македонско Кредитно Биро (МКБ) и одобрува и исплаќа кредити само на клиенти со уредна кредитна историја.

УСЛОВИ ЗА ИСПЛАТА И ОТПЛАТА

До кој износ и период на отплата на кредитот можам да алицирам?

Кредитот може да биде одобрен на износ од 10.000 до 30.000 денари со период на отплата од 3 месеци

Колкава е висината на трошоците за кредит?

• Каматна стапка 0% • Месечна провизија за администрирање на кредитот во износ од 1.05% од исплатената главнина • Еднократна провизија за одобрување на кредитот во износ од 5.50% од исплатената главнина

Колку треба да вратам на денот на отплата на кредитот?

Согласно договорот за кредит на денот на доспевањето на кредитот, Вие имате обврска да го вратите износот на кредитот кој што сте го позајмиле, со вклучена провизија за администрирање, пресметана на износот на кредитот.

Дали е потребно да испратам документи во писмена форма?

Во најголемиот број на случаи нема потреба да ни доставите документи во писмена форма, освен во случаите кога Вашата апликација содржи нецелосни или сомнителни податоци чија веродостојност ќе треба да биде потврдена и со соодветен документ.

За колку време кредитот ќе биде исплатен на мојата трансакциска сметка?

Исплатата на кредити се врши на секои 15 минути, а во зависност од часот на аплицирање периодот на исплатата може да биде од неколку минути до 15 минути. Брзината со која кредитот ќе биде исплатен на Вашата трансакциска сметка зависи и од банката со која што Вие соработувате.

Дали може предвреме да го отплатам кредитот?

Отплата на кредитот и вклучените трошоци може да се изврши во секое време пред истекoт на рокот за доспевање на кредитот, без наплата на дополнителни трошоци за предвремена отплата од страна на ДФИ.

Дали има опција за продолжување на рокот за отплата на кредитот?

Да, секако постои можност за продолжување на рокот на отплата на Вашиот кредит. Нашиот тим со цел да Ви помогне доколку не сте во можност да го отплатите целосниот долг, Ви нуди продолжување на рокот за 30 дена за поволен надоместок. Во тој период нема да Ви се пресметуваат никакви дополнителни трошоци, едноставно ќе имате обврска да го исплатите долгот кој го имате сега по истек на периодот од 30 дена. За дополнителни информации контактирајте не на 02/323-8888.

Што треба да направам доколку не сум во можност навремено да го отплатам кредитот?

Доколку не сте во можност да извршите навремена отплата на Вашиот кредит, не грижете се, Kreddy е секогаш тука за Вас и овојпат  Ви нуди повеќе опции да го одложите или делумно отплатите кредитот. За дополнителни инструкции контактирајте го тимот за наплата на 02/323-8888 со одбирање на опцијата локал 2.

ТЕХНИЧКИ ПРАШАЊА

Како да пристапам кон мојот личен профил на kreddy.mk?

Потребно е да се најавите на нашата веб страна kreddy.mk и да кликнете на полето “Најави се“ во горниот десен агол

Што треба да направам доколку ја заборавам лозинката?

Доколку сте ја заборавиле лозинката за најава на Вашиот кориснички профил, Ве молиме кликнете на полето “Најави се” во горниот десен агол на нашата веб страна. Потоа кликнете на линкот "Заборавена лозинка?"и следете ги чекорите.

Дали аплицирањето е безбедно?

Да, процесот на аплицирање е безбеден. Сите Ваши информации се пренесуваат користејќи ја најновата технологија за енкрипција.

Аплицирам преку iPhone/iPad, ми се појавува барање за прифаќање на cookies и не знам како да го извршам?

Кликнете на “Settings” и потоа изберете го интернет пребарувачот “Safari” на Вашиот мобилен уред. Во менито, пристапете кон полето “Privacy” и променете ја опцијата “Block Cookies” во “Never”.

Aплицирам преку мобилен телефон со Андроид оперативен систем, како да овозможам cookies?

Кликнете на апликацијата Пребарувач (explorer), потоа кликнете го долното лево копче за опции и движете се надолу во Подесувања (settings) – Приватност и Безбедност (privacy and security) – Прифати (accept) cookies.

Не го гледате вашето прашање овде? Контактирајте не
ден
ден
ден
дена
дена
дена
Провизија за одобрување
0.00 ден
Провизија за администрирање (СВТ 0%)
0.00 ден
Вкупен износ за отплата
0 ден
Датум на отплата
Износ на рата сега
0 ден

Ви треба помош?

Нашите оператори го очекуваат Вашиот повик секој работен ден од Понеделник до Петок од 09:00 – 17:00 часот.

02 / 323 8888

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Главно мени

Аплицирај сега

Call back


});